5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Владејачката СДСМ вечерва “распали” по ВМРО ДПМНЕ

„Политичкиот прогон, партизацијата на институциите, пресметките со политичките неистомисленици беа одлика на црните 11 години во кои владееше криминалното ВМРО-ДПМНЕ предводено од криминалецот Никола Груевски“, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно е дека таквата насилничка, деструктивна матрица се уште е присутна и во актуелното антинародно раководство на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

„Тоа е истата матрица на ВМРО-ДПМНЕ кое во минатото преку тогашната министерка за внатрешни работи за неистомислениците велеше „да направиме список и да ги сотреме“ а актуелниот генерален секретар Игор Јанушев им порачува „одете си со арно додека можете“. Истата матрица на закани, насилства, деструкција“, стои во реакцијата на СДСМ.

Од партијата велат дека залудни се лажните информации и конструираните случаи на антинародното ракводство на ВМРО-ДПМНЕ. „Според официјалните информации на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство целата дисциплинска постапка е водена транспарентно и во согласност со законските процедури. По утврдување дека споменатиот државен советник го прекршил членот 73 став 1 точка 22 и се однесувал спротивно на одредбите на Кодескот а административни службеници, била донесена Одлука за престанок на работниот однос. Тоа нема врска со политички ставови“, велат од СДСМ.

Спонзорирано: