20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Противниците на Тереза Меј: Нејзиното барање гаранции од ЕУ е срамен неуспех

Обидите на британската премиерка Тереза Меј да добие гаранции од ЕУ за својот договор за брегзит, нејзините противници го прогласија за срамен неуспех, кој не помогнал во ублажување на отпорот кон тој договор во британскиот парламент.

Европските лидери одбија воведување нови, правно обврзувачки гаранции во договорот, но ја увериле Меј, дека тој документ нема трајно да ја врзе Британија за европските правила. Еден извор тврди дека Меј немала задоволувачки одговор кога европските лидери ја прашале што навистина сака.

Британската премиерка во средата го преживеа гласањето недоверба во парламентот. На самитот во Брисел побара помош од ЕУ, откако призна дека нејзиниот договор постигнат минатиот месец, нема да добие поддршка во британскиот парламент.

„Се чини дека премиерката не успеа да воведе значајни промени околу својот договор за брегзит“ истакнал портпаролот на лабуристите, Кеи Стармер.

Британските медиуми пишуваат дека Тереза Меј во Брисел била понижена.