8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Нострадамус: Ќе започне голема битка. Големата нација нема да биде безбедна

На почетокот на годинава објавени се пророштва кои ги предвидел најпознатиот пророк Мишел де Нотрдам, попознат како Нострадамус.

Нострадамус 1555 година ја објавил својата прва книга „Пророштва“ која ја напишал во стихови, а секој картен предвидува некое случување во иднина.

Некои сметаат дека ја предвидел и победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори, а постојат и пророштва за 2019 година.

Ова се стиховите на Нострадамус кои би требало да се однесуваат за овие години:

Поплави и суши

Виножито нема да биде видено 40 години. Идните 40 години ќе се гледа секој ден. Сува земја ќе има се повеќе, а и големи поплави кога ќе виножитото ќе се појави.

Конфликти

Голем човек ќе падне среде ден од силен гром. Злиот чин е претскажан од носителот на петицијата. Според предвидувањата, вториот ќе падне во ноќните часови. Конфликти ќе има во Лондон, а хаос во Тоскана.

Битка

Не толку долго, пред да изгрее сонцето, битката ќе започне. Големата нација нема да биде безбедна. Морското пристаниште нема да даде одговор, мостот и гробот ќе бидат во странски земји.

Мал одмор на Земјата

Чудовиштата згаснаа, светот ќе стане помал, долго земјите ќе бидат во мир. Луѓето безбедно ќе патуваат низ небото преку земјата и морињата, но тогаш борбите ќе започнат повторно.

Кралски скандал

Писма се пронајдени во кралска кутија без потпис и име на авторот. Измама ќе ги прикрие понудите, така што нема да се дозное кој е љубовникот.

Необична животинска форма

Лисицата ќе биде избрана, а да не проговори ниту еден збор, глумејќи светост во јавноста, а потоа од ништо ќе стане тиранин, ставајќи нога над грло на најголемите луѓе.

Ослабнат запад

Двапати поставениот и двапати соборен исток исто така ќе го ослабне западот. Неговиот противник, после неколку битки, ќе падне во потребно време.

Што од ова е вистина, многу е дискутабилно. Но, не е Нострадамус без причина најпознатиот пророк во историјата…