8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хеликоптери надлетуваат над Приштина, а силни сили на КФОР се распоредени низ земјата – Косовскиот парламент изгласа да биде формирана војска

Косовскиот парламент ги усвои законите кои овозможуваат трансформација на Косовските безбедносни сили во Вооружени сили на Косово. Во Парламентот влегле и неколку идни војници. Првиот закон што е усвоен се однесува на трансформација на КБС во Министерство за одбрана, а вториот закон се однесува на трансформација на КБС во вооружени сили. Со усвојување, пак, на третиот законт формално-правно е завршена процедурата за формирање косовска војска, пренесуваат српските медиуми.

Дописникот на РТС јави дека законите се донесени по скратена постапка и едногласно.

Српските медиуми денешниот ден за Косово и Србија го означија како „Денот Д“. Истовремено припадници на КФОР се распоредени на мостот што ја дели Косовска Митровица на северен и јужен дел, додека хеликоптери на НАТО ја надлетуваат Приштина. Српскиот претседател, Александар Вучиќ, во следните 72 часа ќе биде во копнената безбедносна зона.

САД и Германија го поддржаа формирањето на косовска војска, а ЕУ и НАТО се против, пишуваат српските медиуми.

Спонзорирано: