17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕВРОПАМакрон во Стразбур ќе им оддаде почит на жртвите во нападот

Францускиот претседател, Емануел Макрон, вечерва по завршувањето на самитот во Брисел ќе го посети Стразбур, објави неговата канцеларија.

Макрон сака да покаже поддршка за семејствата на жртвите и да им оддаде почит на жртвите, објави агенцијата АП.

Тој, исто така, ќе се состане со безбедносните сили испратени во Стразбур со цел да им се заблагодари за нивната пожртвуваност, се наведува во соопштението.

Божиќниот панаѓур во Стразбур денес беше повторно отворен со остри мерки за безбедност, еден ден откако полицијата го застрела напаѓачот, кој уби тројца и рани 13 луѓе во источниот француски град.

Францускиот министер за внатрешни работи, Кристоф Кастене, потврди дека синоќа во полициска операција бил убиен човекот осомничен дека го нападнал панаѓурот, објави АП.

Спонзорирано: