8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Воз излета од шините во Турција – девет мртви и 46 повредени

Деветмина патници загинаа, а 46 се повредени кога брзиот воз на линијата Анкара – Конја се судрил во машина за проверка на шините, соопшти Кабинетот на градоначалникот на главниот град на Турција.

Во соопштението се наведува дека тројца од повредените се во критична состојба.

До несреќата дошло кога возот налетал на специјалната машина, по што излетал од шините и удрил во преминот за пешаци. Во тек е истрага за да се утврди како возот и машината за проверка на шините се нашле на ист коловоз.

Спонзорирано: