15.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Рекорден број новинари во затвор поради својата работа

Рекорден број новинари во светот се наоѓаат зад решетки поради објавување на својата работа, вклучително и двајца новинари на „Ројтерс“ чие затворање во Мјанмар предизвика реакција во меѓународната заедница.

Заклучно со 1 декември во светот бил затворен 251 новинар, се наведува во годишниот извештај на Одборот за заштита на новинарите. Трета година по ред, повеќе од половина од нив се во Турција, Кина и Египет, каде што властите ги обвинуваат новинарите за противладини активности.

Турција го држи неславното прво место, со 68 новинари зад решетките.
Интересно е тоа што дури 87 отсто од новинарите се мажи.

Според извештајот, 70 проценти од затворените новинари се за дела против државата. Единаесет отсто се обвинети за „лажни вести“, 13 проценти за одмазда, а 18% се затворени без одмазда.

Бројот на новинари затворени поради обвинение за „лажни вести“ се искачи на 28, наведува Одборот чие седиште се наоѓа во САД и е непрофитна организација.

Извештајот го критикуваше американскиот претседател, Доналд Трамп, поради користењето на изразите „лажни вести“ за негативно известување за него, фрази што исто така ги користат и други челници кога критикуваат новинари, како оние од Филипини и во Турција.