12.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Благица Ласовска избрана за претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница одлучи да ја стави Благица Ласовска за нова претседателка на Унијата на жени на партијата, а Тимчо Муцунски за секретар за меѓународна соработка.

Ласовска до сега беше в.д. претседател, исто така е и поранешен претседател на УЖ Свети Николе, поранешен член на Извршниот комитет на Унијата на жени и актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Муцунски е докторанд и асистент на Правниот факултет при УКИМ и поранешен заменик-министер за информатичко општество и администрација. Муцунски во изминатите години извршувал повеќе функции во ВМРО-ДПМНЕ, од кои член на Извршниот комитет на Унијата на млади сили, како и советник за меѓународни односи на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со искажаната доверба на Ласовска и Муцунски верува дека со својата посветеност и капацитет ќе ги исполнат целите и политиките на ВМРО-ДПМНЕ.