16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мej: Новиот лидер ќе мора да го одложи или да го суспендира брегзит

Британската премиерка, Тереза Меј, која попладнево ќе се соочи со гласање од страна на Конзервативната партија за недоверба во нејзиното раководство, изјави дека потенцијалниот нов лидер ќе мора да го продолжи крајниот рок за повлекување на Велика Британија од Европската Унија и можеби да го суспендира целиот процес на брегзит.

„Новиот лидер нема да може да ја преземе функцијата до истекот на законскиот рок од 21 јануари, така што изборот на новото раководство претставува ризик контролата на преговорите за брегзит да отиде во рацете на пратениците од опозицијата”, рече Меј во своето обраќање.

Членовите на нејзината партија вечерва помеѓу 19 и 21 часот ќе гласаат доверба откако успеаја да соберат 48 писма од пратеници.

Спонзорирано: