14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Харадинај: Желбата на Косово за членство во ЕУ да се сфати сериозно

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, изјави дека Приштина ги вовела мерките кон Белград бидејќи гласот на Косово не бил доволно слушнат во Европската Унија. Тој побара сериозно да се сфати желбата на Косово за членство во Унијата, за да се избегне дестабилизација на регионот.

Во интервју за „Фајненшл тајмс“, Харадинај вели дека таксите од 100 проценти на стоката од Србија не е арогантна мерка, туку немале друг избор.

Тој ја обвини Србија дека работи за интересот на Русија и со тоа нанесува тензии во регионот.

„Фајненшл тајмс“ потсетува дека изјавата на Харадинај доаѓа во време на зголемени тензии помеѓу Косово и Србија. Според зборовите на Харадинај, идејата за корекција на границите или размена на територии претставува опасен план за регионот.

„Апсурдно е да се залагаме за договор за размена на територии со цел Србија да го признае фактот дека сме држава. Нас не признаа половина земји членки на Обединетите нации“, изјави Харадинај.

Спонзорирано: