8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ОН го усвоија Пактот за глобална миграција

Мнозинството од државите членки на ОН во понеделникот го усвоија необврзувачкиот глобален пакт за подобро справување со мигрантските бранови, вели министерот за надворешни работи на Мароко, Насер Бурита, пренесува РТ.

Министерот Бурита ја објави одлуката како домаќин на конференцијата на ОН во Маракеш.

Разговорите за финализирање на глобалниот договор за безбедна, уредна и редовна миграција траеја 18 месеци и беа финализирани во ОН во јули.

Владата на САД ги отфрли преговорите кон крајот на минатата година. Оттогаш Австралија, Австрија, Чешка, Доминиканската Република, Унгарија, Латвија, Полска и Словачка се повлекоа од процесот.

Пактот поставува 23 цели за овозможување легална миграција и обесхрабрување на илегалните гранични премини бидејќи бројот на луѓе кои се движат на глобално ниво се зголеми на повеќе од 250 милиони. Активистите тврдат дека пактот не оди доволно далеку за да ги обезбеди правата на мигрантите.

Спонзорирано: