16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нови детали за вечерашното убиство во Скопје

Момче на возраст од 20-ина години си ја убило баба си. Убиството се случило попладнево во Драчево.

Според првичните информации, момчето ја убило баба си со нож.

Дваесетгодишно момче од скопско Драчево доцна попладнево ја убил својата 66 годишна баба. Убиецот сам се пријавил во полиција.

Како што соопшти Основното јавно обвинителство – Скопје, дежурен јавен обвинител раководи со увидот на лице место каде што било пронајдено безживотно тело.

-Според првичните информации, станува збор за насилна смрт, а извршителот сам се пријавил и е задржан во полициска станица. Станува збор за момче на возраст од 20 години, внук на починатата, се наведува во соопштението на ОЈО.

По наредба на јавниот обвинител во моментов се подигаат материјални траги пронајдени на лице место, а телото на починатата ќе биде предадено на обдукција.

Centar.mk дознава дека денеска од слобода е лишен А.Р. (20) поради сомнение за сторено кривично дело убиство на неговата баба Г.Н. (66).

Убиството било извршено во неговиот дом на ул. Антон Димитров во скопската населба Драчево, дознава Centar.mk.

Спонзорирано: