16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина го оцени третманот на директорката на „Хуавеј“ во Канада како нечовечки

Кина го критикуваше, според нив, нехуманиот третман на главниот финансиски директор на „Хуавеј“ , Менг Ванжоу, која претходно беше уапсена во Канада, пренесува „Спутник“.

„Ние веруваме дека ова е нехумано и ги крши нејзините човекови права”, изјави портпаролот на кинеското МНР, Лу Кан, на брифингот за печатот во понеделникот.

Тој се осврна на извештајот на кинескиот државен весник „Глобал тајмс”, кој тврдеше дека канадскиот затворски објект не ѝ нуди ни неопходна здравствена заштита на Ванжу.

Извештаите дојдоа откако Ванжу тврдеше дека треба да биде ослободена со кауција, посочувајќи дека била третирана во канадска болница за хипертензија откако била уапсена на 1 декември поради можна екстрадиција.

Таа е обвинет за измама зашто ѝ кажала на британската банкарска компанија ХСБЦ дека кинескиот технолошки гигант работел во целосна согласност со американските санкции против Иран, додека една од нејзините подружници не работела во согласност со ограничувањата.

Нејзиното апсење ги засили трговските тензии меѓу САД и Кина.

Спонзорирано: