20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Драма пред „Борис Трајковски“ – пијан малолетник почнал да прави хаос откако не го пуштиле на концерт

Вчерра во 02:50 часот на булевар “8-ми Септември“ во Спортскиот Центар Борис Трајковски, додека се одржувал концерт, непознато лице кое било во видно алхохолизирана состојба се однесувало дрско и непристојно викајќи на висок тон да го пуштат внатре, ги буткал и удирал оградите пред салата и се туркал со обезбедувањето.

Од страна на полициски службеници било пристапено кон легитимирање, но лицето одбивало да даде било какви податоци и започнало да ги омаловажува полициските службеници. Лицето е приведено во полициска станица, при што е констатирано дека станува збор за 17 годишно лице од Скопје, а по кратко време во полициската станица дошол и неговиот родител. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.