8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вечерва тешка сообраќајка во Македонија – овој патен правец е затворен за сообраќај

Сообраќајот на магистралниот пат Гостивар – планински превој „Стража“, во близина на каменолом „Прогрес 98“, од 18:10 часот е во прекин поради случена сообраќајна незгода, информира АМСМ.

Според информациите има повредени повеќемина од кои едно лице е потешко повредено, а во акцијата за извлекување учествувале и пожарникари.

Според СВР Тетово сообраќајката се случила околу 18 часот при што дошло до судир на автомобил „опел астра” со тетовски регистерски ознаки, што ја управувал К.С. (27) од Тетово и џип „киа” со скопски ознаки што го упраувал С.П. (54).

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива без забрани по влажни коловози на повисоките места во северозападните и источните делови од државата. Во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни.

Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Шипковица – Тетово е намалена на 30 – 40 метри.