20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се трујат поради неспособноста на власта

Македонија се гуши во неспособноста на Владата. Граѓаните се трујат поради неспособноста на локалната и централната власт да се справи со енормното загадување на воздухот. Црнила надвиснаа над нашата држава, црнила кои буквално ги гушат нашите граѓани и земаат илјадници животи секоја година, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

На удар се нашите најмили, децата, хронично болните и старите и изнемоштени лица. Годишно повеќе од илјада луѓе се директна жртва на неспособноста на власта. Повеќе од 1 илјада граѓани се жртви на аерозагадувањето. Македонија за жал е прва во Европа само по аерозагадувањето, а 3 од 10-те најзагадени градови на континентот се наоѓаат токму во Македонија. Ова ли е планот за живот кој го најавуваше аболицираниот Заев како опозиција? За ваков ли повисок животен стандард говореше Заев кога бараше гласови за да дојде на власт?“, прашуваат од партијата.

Од таму прашуваат „дали нашите најблиски кои ги губиме како резултат на енормното загадување на воздухот вредат помалку од луксузниот мебел и автомобили за чија набавка Владата ќе потроши 7 милиони евра додека за справувањето со аерозагадувањето само 1,5 милиони евра и дали животите на македонските граѓани вредат помалку од удобството и луксузирањето на партиските и државните функционери на СДСМ“.

„Време е да се стави крај на калкуланството и поликанството кое го спроведува власта. Крајно време е животите на граѓаните власта да ги стави пред дневните политики и да ги прифати итните мерки кои ги предложи ВМРО-ДПМНЕ во борбата против загадувањето, мерки кои ќе спасат илјадници животи. Крајно време е да се стави крај на црнилата кои ги донесе Заев. Затоа придружете ни се по улиците на плоштадите, придружете ни се во борбата за нашето и здравјето на нашите деца. Придружете ни се во борбата со транзиционите политичари чиј единствен интерес се криминалните тендери и грантови. Ние сме зората која ќе ги однесе црнилата. ВМРО ги повикува граѓаните во недела во Кочани на протестен марш против однародената и криминална власт и во среда пред Владата на Република Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.