5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русите ќе им судат на заробените украински војници – им се заканува затвор до 6 години

Украинските морнари што Русија ги зароби кон крајот на ноември за време на тензиите кај Азовското Море го прекршиле законот и ќе им се суди, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

„Тие ги прекршија меѓународното право и руските закони бидејќи илегално влегле во руски територијални води. Тоа е криминал не само кај нас, туку и во која било друга земја“, рече Лавров на прес-конференција.

Инцидентот се случи на 25 ноември во Црното Море за време на обидите на украинските бродови преку Кречката Теснина да впловат во Азовското Море. Морнарите се наоѓаат во притвор во Крим, кој Русија го присоедини кон својата територија во март 2014.

Поради незаконитото преминување на границата, украинските морнари се соочуваат со казна затвор до шест години.

„Кога ќе заврши истрагата, почнува судскиот процес“, рече Лавров додавајќи дека по завршувањето на судењето, ќе се види како да се олесни нивната судбина или ќе се постигне договор за преземање конкретни мерки.

Спонзорирано: