3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Земја од соништата: Власта на граѓаните секој месец им плаќа по 560 евра

Во јануари 2017 Финска започна да им исплќа универзален основен доход на случајно одбрани граѓани, па така 2.000 луѓе на возраст помеѓу 25 и 58 години месечно примаат по 560 евра, а притоа немаат обврска да бараат или да прифатат работа.

Експериментот ќе трае вкупно две години, одлучила финската влада, која се надева дека на овој начин ќе ги намали вкупните давачки на државата за социјала и ќе ја намали стапката на невработеност, поттикнувајќи ги луѓето да прифатат и послабо платени работи или да допринесат во општеството низ волонтирање.

Овој концепт го привлече вниманието на цел свет и претставува почеток на прогресивно движење со очекувано позитивни резултати.

А по година дена спроведување, се чини дека таа цел ќе биде остварена, тврди Марјука Турнен, шефица на правната служба на финската агенција за социјална безбедност.

„Еден од учесниците рекол дека е помалку нервозен и вознемирен бидејќи веќе не мора да се грижи за повиците од заводот за вработување и понудите за работа кои не може да ги прифати бидејќи мора да ги негува старите родители.

– Веќе сега гледаме дека одлуката за основниот доход има неочекувани позитивни ефекти како намалување на здравствените трошоци“.

Но, критичарите на овој фински експеримент велат дека тој вклучува само невработени, па според тоа не е универзален.

По финското искуство, со сличен експеримент ќе започне и Шкотска и тоа веќе во март оваа година.

Спонзорирано: