24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Судењето за Елизабета Канческа-Милевска продолжува на 6 декември

Судското рочиште за предметот „Тендери“ на специјалното јавно обвинителство, каде што првообвинета е ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“, е одложено за 6 декември. Причината за одложеното рочиште е тоа што судиите што судат во овој случај денеска имале судење за предметот „Топлик“.

Случајот „Тендери“ е во фаза на доказна постапка. Според обвиниението на СЈО, некои од градежните работи во Музејот биле вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Уште пред да биде објавен огласот за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.