5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Украина распиша потерница по осуммина Руси

Украинските обвинители распишаа потерница за апсење на осуммина руски државјани, кои се поврзуваат со апсењето на украински морнари по инцидентот кај теснецот Керч, изјави портпаролката на државниот обвинител на Украина, Лариса Шагран.

„По истрагата, осомничени се осум лица. Судот одлучи да издаде потерница со цел осомничените да се приведат и да бидат сослушани, по што ќе им бидат изречени предистражни мерки“, рече Шагран, а пренесе новинската агенција ТАСС.

Агенцијата соопштува дека потерница е издадена за шефот на Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Крим, Сергеј Станкевич, заменик-шефот на пограничната служба на ФСБ, Генадиј Медведев, раководителот на одделението за команда на пунктовите на ФСБ во Крим и Севастопол, Руслан Ромашкин и петмина други.

Според ТАСС, украинските обвинители планираат да поднесат обвиненија и уште против десет руски морнари и воени функционери.

Претседателот на Украина, Петро Порошенко, му нареди на министерот за правда, Павел Петренко, да подготви тужба против Русија поради инцидентот во теснецот Керч, соопштија претходно од Кабинетот на Порошенко.