17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Се истражува причината за страотната несреќа во која загина едно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на местото на несреќата во која едно лице им подлегна на повредите. Несреќата се случила денеска околу 13 часот во Гостивар помеѓу возило со кое управувал 48-годишен гостиварец и камион со кој се пренесувале градежни материјали, управуван од 58-годишен жител на Гостивар.

Во моментот на разминување на двете возила дошло до лизгање на арматурни шипки што не биле соодветно обезбедени, при што една од нив влегла низ прозорецот на автомобилот нанесувајќи му повреда во глава на сега починатото лице, соопшти обвинителството.

Повредениот со возило на брза помош е пренесен во Општата болница во Гостивар каде што им подлегнал на повредите.Јавниот обвинител нареди обезбедување снимки од околните камери, сообраќајно техничко вештачење на возилата, прибирање траги од лице место, како и анализа на крв и урина на возачот. Воедно e издадена и наредба за обдукција на телото на починатиот.Возачот на камионот е задржан во полиција.