14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Општина Карпош без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија денеска ќе останат делови од општина Карпош.

Имено, како што се наведува во соопштението на „ЕВН Македонија“ АД, денеска во период од 9:30 до 12:30 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од подулица број 73 во село Волково во општина Карпош.

Додека, пак, во период од 10:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од булевар Теодосиј Гологанов број 15 и околните објекти, исто така во општина Карпош.