10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хан во посета на Белград и Приштина

Европскиот комесар за преговори за пристапување, Јоханес Хан утрово доаѓа во Белград, каде ќе разговара со претседателот на Србија Александар Вучиќ. Како што пренесуваат српските медиуми, тој попладне ќе има средба со Вучиќ, по што ќе продолжи за Приштина.

Основна темана разговорите во Белград и Приштина, ќе биде одлуката на косовските власти да наметнат такси на стоката од Србија и Босна и Херцеговина.

„Комесарот ќе го повтори ставот на ЕУ, ќе повика на повлекување на овие мерки и ќе ја нагласи потребата за фокусирање на подобрување на добрососедските односи и регионалната соработка, што се принципи кои Косово и сите партнери од Западен Балкан ги прифатија“ се наведува во соопштението од Комисијата.

Како што претходно беше најавено, во Приштина, Хан ќе се сретне со косовскиот претседател Хашим Тачи, премиерот Рамуш Харадинај и со претседателот на Собранието, Кадри Весељи, како и со претставници на опозицијата.

Од ЕУ повеќепати нагласија дека од властите во Приштина јасно бараат повлекување на мерките воведени на стоката од Србија и БиХ.

Спонзорирано: