12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка на патот Кичево – Охрид

На магистралниот пат Кичево-Охрид, кај село Ново Село, вчера во претпладневните часови се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од К.Б. 77 години од Република Албанија и товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишениот Г.А. од Република Албанија, соопштија од МВР.

Притоа, како што информираат од полицијата со тешки телесни повреди се здобила К.П. на возраст од 66 години од Република Албанија, сопатничка во возилото „Ауди“, додека со телесни повреди се здобиле возачите на двете возила.

Тие биле пренесени во болницата во Охрид каде им била укажана лекарска помош, а увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

Спонзорирано: