23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Најмалку што може да направи Спасовски е да се извини и да си поднесе неотповиклива оставка

Најмалку што може да направи Оливер Спасовски е да и се извини на јавноста и да си поднесе неотповиклива оставка, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на министерот за внатешни работи Оливер Спасовски.

„Тешко дека на тој начин ќе ги намали штетите и последиците од неговото неспособно и криминално владеење, но барем ќе се даде можност да престане хаосот што го креираше и ќе се остави простор да се расчистат сите скандали што тој ги остави. Скопје, Тетово и другите градови наликуваат на див запад. Убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев и после повеќе од една година се шета слободен, а друштво му прават и убијците кои решетаа од калашникови во сред Скопје“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Сите знаат како Груевски заминал од Македонија, а само Спасовски сопствената неспособност ја покрива со притисоци врз членовите на ВМРО ДПМНЕ и претреси на нивните возила, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој, додаваат од партијата е дојден на челното место во МВР во техничката влада уште во ноември 2015 година па потоа и во септември 2016 година. Сега е министер со сите овластувања веќе година ипол и за време на негово министерување се случува најголемиот скандал да се снимаат и уценуваат јавни обвинители и судии, велат од партијата и додаваат дека СДСМ и Оливер Спасовски треба на јавноста да и одговорат кој, како и зошто прислушувал.

„Зошто две години службите ја криеле оваа информација и дали одговорот за причините лежи во фактот што Заев однапред ги знаеше и најавуваше сите обвиненија, притвори и пресуди ? Оливер Спасовски со оваа прес-конференција наместо да даде одговори уште повеќе се заплетка во скандалот. Доколку за овој случај знаел подолго време зошто не превземал ништо? И зошто дозволил јавното обвинителство да биде прислушкувано до пред некој ден кога сето ова се разоткри пред јавноста? Најдоблесно ќе беше Оливер Спасовски денешната прес-конференција да си поднесе оставка“, велат од партијата.