18.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Рамчиловиќ: До 5 декември треба да излеземе со предлог до Интерпарламентарното тело за реформи, интеграција и помирување

Претседателот на Работната група за помирување, Зекир Рамчиловиќ по завршувањето на првата седница на оваа подгрупа истакна дека освен за настаните од 27 април, Работната група за помирување на Интерпартиската парламентарна група за помирување, реформи и интеграција ќе биде во постојано заседание и ќе идентификува и други извори на конфликти кои, како што рече произведуваат политички кризи, поделби и недоверба, вклучително и на навивачките групи, говор на омраза, политички монтирани процеси, реформски закони, скандалот со прислушуваните материјали, како и уште многу други форми на конфликти.

Исто така, Рамчиловиќ по завршувањето информираше и дека учествувале сите членови и дека утврдиле дека до 5 декември треба да излезат со предлог до Интерпарламентарното тело за реформи, интеграција и помирување.

Рамчиловиќ вели дека произлегле многу добри предлози кои сите во пратеничките групи ќе ги продискутираат.

„Она што е важно ги прецизиравме насоките кон кои ќе се движиме бидејќи е важна оваа политичка одлука. Сите сме за донесување на законско решение со кое ќе започне релаксација на односите во општеството без да се нарушат принципите на владеење на правото“, изјави тој.