17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Нови немири на протестите во Париз, полицијата употреби солзавец

Француската полиција употреби солзавец против демонстрантите во Париз, кои утрово се обидоа да го пробијат безбедносниот кордон на Елисејската палата. Полицијата наведе дека 16 лица се уапсени.

Во утринските часови пред Елисејската палата се собраа стотина луѓе, пришто беа распоредени илјадници припадници на полицијата.

Состанокот помеѓу францускиот премиер, Едуар Филип и претставниците на демонстрантите кои со недели протестираат против зголемувањето на таксите на горивата, вчера не вродија со плод. Организаторите рекоа дека добиваат закани и побараа разговорите да бидат пренесувани на телевизија во живо, но владата го одби предлогот.

На протестите на возачите им се придружија фармерите, службениците, пензионерите и други граѓани кои протестираат поради високите трошоци за живот.