24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Судиите и членовите на Судскиот совет ќе добијат повисока ноемвриска плата 35 отсто

Судскиот буџетски совет на денешната седница донел одлука судиите и членовите на Судскиот совет да го добијат предвиденото 35 отсто покачување на платите предвидено како додаток на платата. Со буџетот на судската власт за 2018 година биле обезбедни средства за судиите и членовите на Судскиот совет.

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани реагираа за ваквата одлука и ја оценија како срамна бидејќи, како што информираа, Судскиот буџетски совет требало да донесе одлука да им се вратат парите на вработените од судовите, кои во 2016 година незаконски биле одземени за време на штрајкот во судовите лично од него.

„Денес, Судскиот буџетски совет ја донесе најсрамната одлука во историјата на судството во Р. Македонија. Судскиот буџетски совет донесе одлука за исплата на додатоци на плата за судиите во износ од 35 отсто, со што судиите ќе добијат зголемување за 21.000 денари, што ќе биде повисоко 85 отсто од редовните плати што ги добиваат вработените во судската служба. Судскиот буџетски совет на чело со претседателот Зоран Караџовски, денес требаше да донесе одлука да им се вратат парите на вработените во судовите кои во 2016 година незаконски им беа одземени за време на штрајкот во судовите лично од него“, пишува во реакцијата.

За Синдикатот на УПОЗ, ова е долевање масло на огнот, кој гори од незадоволството од третманот на суските службеници во изминатите години, замрзнување на нивните плати и постојаното зголемување на платите на судиите. Од овие причини Синдикатот на УПОЗ побара итна и неотповиклива оставка од претседателот на Судскиот буџетски совет, Зоран Караџовски, и комплетниот состав на Судскиот буџетски совет, поради непоседување морални вредности и предизвикување состојба на хаос во судството.

Спонзорирано: