10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Министер си поднесе оставка поради договорот за мигрантите

Словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, поднесе оставка во знак на протест поради одлуката на парламентот да го одбие договорот на Обединетите нации за мигрантите, познат како маракешки договор.

Лајчак беше претседател на Генералното собрание на ОН кога беше прифатен договорот за миграции и претходно се закани со оставка ако неговата земја не го прифати.

Глобалниот договор за сигурна, уредна и регуларна миграција го одобрија сите 193 членки на ОН, освен САД.

Маракешкиот договор стана контроверзен во многу западни земји, а досега го отфрлија парламентите на Словачка, Италија, Полска, Австрија, Чешка, Унгарија, Бугарија, Естонија, Австралија, Израел и на САД.

Договорот настана по најголемиот прилив на мигранти во Европа од Втората светска војна кога милиони избегаа од конфликтите и сиромаштијата на Блискиот Исток и во Африка.