16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Се “скрши” митот за Сашо Мијалков – Некогаш најмоќен човек, денес обичен притвореник

Многумина се плашеа да го спомнат неговото име.

Некои со право, а некои не, го воздигнуваа името на Сашо Мијалков како најмоќен човек во државава за време на владеењето на режимот на ВМРО ДПМНЕ.

Со објавувањето на бомбите некаде во февруари 2015-та за прв пат пошироката јавност го слушна гласот на Сашо Мијалков.

– Каменот одблиску доаѓа, стана една од најпознатите фрази од серијалот “бомби” кои храбриот Заев објавувајќи ги, се соочи со злиот режим.

Многумина се’ уште го користат и изразот “Началниче”, познат во бомбите.

Денес Мијалков е обвинет во некои случаи на Специјалното Јавно Обвинителство, и тоа во случаите Таргет, Тврдина, Трезор, Тортура и Титаник 2.

Мијалков беше притворен, откако неговиот братучед Никола Груевски побегна во Унгарија и доби азил, по што Специјалното обвинителство ценело дека постои опасност од уште едно бегство за што изготвило барање за притвор до судот, кој го одобрил.

Мијалков од познатиот хотел Мериот во центарот на Скопје бил однесен во затворот Скопје, познат како Шутка на 20 ноември 2018-та година.

 

Кој е Сашо Мијалков?

Сашо Мијалков е роден на 15 септември 1965, иако економист по професија, е познат македонски политичар и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија.

Мијалков дипломирал на Универзитетот Свети Кирил и Методиј на Економскиот факултет во 1998 година. Магистрирал во областа бизнис администрација. Дипломирал и магистрирал и на Економскиот факултет во Прага во 1994 година.

Во 1990 година станал член на ВМРО-ДПМНЕ.

Во периодот од 1998 до 2000 година, работел во Министерството за одбрана на местото помошник-министер за одбрана и безбедносно разузнување.

Во периодот 2000 до 2001 година, бил советник за безбедносни прашања во Владата на Република Македонија. Од 29 август 2006 година е назначен за директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на таа функција бил до 12 мај 2015 кога си поднел оставка.

Сашо Мијалков е син на Јордан Мијалков, првиот министер за внатрешни работи на Македонија.