26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Могерини: ЕУ е загрижена поради притворањето на академици и активисти во Турција

Шефицата за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Федерика Могерини, изрази „силена загриженост” поради, како што рече, продолжниот притвор на академици и активисти во Турција.

Говорејќи на прес-конференцијата по разговорите со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, Могерини, исто така, повика на ослободување од затворањето на прокурдскиот лидер Селахатин Демиртас во согласност со пресудата на Европскиот суд за човекови права.