18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британската бедбедносна служба можела да го спречи терористичкиот напад во Манчестер

Британската безбедносна служба пропуштила неколку шанси да го спречи терористичкиот напад во Манчестер кој се случи во мај 2017 година за време на концертот на Аријана Гранде и во кој загинаа 22 лица, се вели во парламентарниот извештејот објавен денес.

Според извештајот на Парламентарниот комитет за разузнавање и безбедност, МИ5 не реагирала доволно брзо откако случајот на бомбашот Салман Абеди бил означен за преглед. Извештајот, во кој се разгледува одговорот и на други терорирстички напади во земјата во 2017 година, истакнува бројни грешки од страна на полицијата и безбедносните служби, вклучувајќи ја и одлуката на МИ5 да не го ограничи патувањето на Абеди, што му овозможило да се врати од Либија во Британија и да го изврши нападот.

Во извештајот се наведува и дека Абеди неколкупати посетувал екстремисти кои биле во затвор, како и дека безбедносните служби не одлучиле да го надгледуваат неговото движење.