25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

За еден ден во Скопје се случиле седум сообраќајни незгоди

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле седум сообраќајни незгоди, од кои две со телесни повреди и пет со материјална штета, соопштија од МВР.

Од полицијата додаваат дека во сообраќајните незгоди две лица добиле телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 42 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени седум возачи, велат од МВР, и тоа еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол и шест возачи затоа што управувале возила без да стекнат право за управување моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се шест возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се пет возачи поради поминување крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување пешаци, 10 поради неправилно престројување и еден возач поради неправилно престигнување.

Во однос на пешаците, санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз надвор од пешачки премин и 12 пешаци затоа што поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 84 мандатни платни налози и 78 возила се подигнати со специјално возило „пајак“, се наведува во соопштението на полицијата.