21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Димитров и шефот на Канцеларијата за врски на НАТО разговараа за заокружувањето на пристапниот процес

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска го прими новоименуваниот шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во земјата, полковникот Зоран Јанковиќ.

Како што информираат од МНР, Димитров на средбата изразил задоволство од конструктивната улога и поддршката на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, која, како што рекол, преку својата советодавна улога значително учествува во подготовките на земјата за членство во НАТО.

Соговорниците заеднички ја констатирале успешната соработка истакнувајќи ја важноста за зајакната комуникација во периодот што претстои, а кој, како што се согласиле, е особено важен за Република Македонија бидејќи се очекува успешно заокружување на пристапниот процес и членство во алијансата.

Министерот Димитров информирал за преземените чекори и активности од пристапниот процес потенцирајќи го очекувањето набргу Република Македонија да стане полноправна земја членка на алијансата.