21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Спречен терористички напад во Мелбурн

Австралиската полиција соопшти дека уапсиле тројца мажи што планирале терористички напад во Мелбурн. Тие биле уапсени во раните утрински часови по локално време, пренесе „Ројтерс“.

Апсењата се спроведени во рамките на операцијата „Донабејт“, која моментно се спроведува во северозападниот дел на Сиднеј.

Претходно овој месец еден Сомалиец запали камион преполн со гасни цилиндри во центарот на Мелбурн. Тој со нож избол три лица, од кои едното починало. Напаѓачот бил убиен од полицијата, а одговорност за нападот презела терористичката група Исламска држава.