15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Триесетгодишник од Мала Речица со тешки повреди од удар на автомобил пренесен во болница

Триесетгодишник од тетовското село Мала Речица добил тешки повреди кога во него удрил автомобил на тетовскиот булевар Маршал Тито, во попладневните часови на 19 ноември.

Како што информираат од МВР, автомобилот „сеат леон“, со скопски регистарски ознаки, кој удрил во 30-годишниот пешак, бил управуван од 28-годишник од селото Порој.

Пешакот добил тешки телесни повреди и со возило на итната медицинска помош бил пренесен во Клиничкатa болница во Тетово.

Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.

Спонзорирано: