Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин: Повлекувањето на САД од договорот не може да остане без наш одговор

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Кремељ ќе има одговор доколку САД се повлечат од договорот за нуклеарните сили со среден дострел.

„Јасно е дека повлекувањето на САД не може да помине без наш одговор“, рекол Путин, пренесе ТАС.

Во меѓувреме, руските и американските власти ја пофалија заедничката соработка на двете земји во вселената, истакнувајќи дека е силна наспроти политичките тензии.

Директорот на „Роскосмос“, Дмитри Рогозин, и челникот на одделението на НАСА за истражување и операции, Бил Гестенмајер, денеска се сретнаа на конференција во Москва по повод 20-годишницата од Меѓународната вселенска станица.

Спонзорирано: