21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пакистан протестира против твитовите на Трамп во врска со Осама бин Ладен

Пакистан во вторникот го повика заменик-амбасадорот на САД во Исламабад по твитовите на претседателот Доналд Трамп за улогата на Пакистан во борбата против тероризмот и заробувањето на Осама бин Ладен, пренесува „Спутник“.

„Секретарот за надворешни работи го повика заменик-амбасадорот на САД, Пол Џонс, да му изрази силен протест за неоснованите наводи упатени против Пакистан. Отфрлајќи ги инсинуациите за Осама бин Ладен, секретарот за надворешни работи го потсети американскиот дипломат дека токму пакистанската разузнавачка служба ги обезбеди првичните докази за локацијата на Бин Ладен“, се вели во изјавата на Министерството за надворешни работи на Пакистан додавајќи дека неоснованата реторика за Пакистан е целосно неприфатлива.

Соопштението дојде кусо кога Трамп твитна дека Пакистан не им дал ништо за возврат на САД за милијарди долари помош и посочи дека пакистанските власти знаеле каде е Бин Ладен пред да биде убиен од страна на американските специјални сили во 2011 година при рација на неговата куќа во Пакистан.

Претходно, премиерот на Пакистан, Имран Кан, ја осуди изјавата на Трамп велејќи дека тој треба да ги научи историските факти дека ниту еден Пакистанец не бил вклучен во терористичкиот напад на 11 септември и дека земјата се приклучи во американската војна против тероризмот.

Во интервју за „Фокс њус“ на 18 ноември Трамп го обвини Пакистан дека му дал засолниште на Бин Ладен, велејќи дека терористите живееле покрај престижната воена академија во земјата. Потус исто така го нападна поранешниот командант за специјални операции, потполковник Вилијам Мекравен, поради тоа што не успеа да го фати Бин Ладен пред 2011 година.

Тензиите меѓу двете земји ескалираа кога САД објавија дека ќе ја намалат финансиската поддршка од Пакистан за 800 милиони долари.