21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хамас тврди дека Израел преколнувал за прекин на огнот во Газа

„Џерусалем пост“ објави дека Хамас во понеделникот тврдел оти Израел преколнувал за прекин на огнот во Појасот Газа минатата недела.

Тврдењето дојде како одговор на изјавата на премиерот Бенјамин Нетанјаху во врска со тоа дека лидерите на Хамас молеле за прекин на огнот и тие си знаат зошто. Нетанјаху ја даде изјавата на минатонеделна комеморација за првиот израелски премиер Дејвид Бен-Гурион.

Хусам Бадран, член на политичкото биро на Хамас, изјави дека Израел знае оти може да почне војна, но дека е невозможно да ѝ стави крај. Затоа, Израел преколнувал за прекин на огнот преку посредници.

Бадран за „ Араби 21“ изјави дека од Хамас не било побарано да платат политичка цена за какви било разговори со Израел во однос на долгорочното примирје. Таквите договори, додаде тој, нема да наметнат какви било ограничувања на палестинскиот отпор.