21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Италијанската полиција конфискувала осум луксузни вили на мафијата

Италијанската полиција соопшти дека конфискувала осум луксузни вили во Рим, кои биле во сопственост на италијанската мафија.

Според нивните информации, вилите нелегално биле градени од припадници на наводно мафијашки клан во Рим.

Градоначалничката на Рим, Вирџинија Рeџи, која ја следеше операцијата против членовите на организираната банда Казамоник, рече дека вилите ќе бидат уништени до крајот на годината.

„Денес е историски ден за Рим и Римјаните”, изјави Рeџи, член на ‘Движењето пет ѕвезди’, кое беше под критика дека не прави повеќе за да го расчисти градот.

„Ние ја прекинуваме повеќегодишната нелегална градба и испраќаме силна порака до кланот Казамоник”, рече таа.

Казамоника со години делуваше во сенка, пишуваат тамошните медиуми и додаваат дека го привлекле вниманието на јавноста со луксузниот погреб на еден од нивните блиски во 2015 година.

Во полициската акција утрово учествувале околу 600 полицајци.