8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меј бара поддршка од бизнис-секторот за брегзит

Британската премиерка Тереза Меј ќе бара поддршка од бизнис-лидерите за нацрт-договорот за излез од Европската Унија, додека дисидентите од нејзината партија се борат за лидерска позиција.

Изминатата недела за Меј беше бурна кога таа го откри нацрт-договорот, а неколку министри, вклучувајќи го и министерот за брегзит, дадоа отказ, а неколку колеги од парламентот бараат оставка од Меј.

Премиерката вети дека борбата продолжува и ги предупреди колегите дека одложувањето на излезот на Британија од ЕУ претставува ризик.

Меј додава дека договорот за партнерство во иднина ќе значи дека владата ќе го исполни гласањето за брегзит од 2016.

ЕУ ќе одржи самит на 25 ноември, на кој ќе дискутира за договорот.

Меј ќе се обрати на бизнис-лобито на групацијата ЦБИ за време на годишната конференција и со својот говор ќе го образложи договорот.

Меј додава дека Британија ја очекува напорна недела пред преговорите за брегзит, на кои ќе се договараат последните детали за идните партнерства со ЕУ.

„Ни претстои напорна недела со преговорите во Европскиот совет в недела“, ќе рече Меј според извадоци од нејзиниот говор.

„За тоа време очекувам да ги изготвиме во целост сите детали во рамките на договорот за да ја поткрепиме нашата идна соработка и јас сум убедена дека можеме да добиеме договор со Советот, кој ќе можам да го прикажам пред парламентот“, се вели во говорот на Меј.