25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мароканка обвинета дека го убила, распрчила и го зготвила своето момче

Во Обединетите Арапски Емирати уапсена е Мароканка која се сомничи дека брутално го убила своето момче, пренесе агенцијата „Асошиетед прес“ (АП).

Обвинителите ја товарат за убиство на своето момче, чие тело потоа го распарчила и го зготвила, на крајот послужувајќи го како оброк за пакистански работници. Неговите остатоци Мароканката ги послужила како традиционален оброк со ориз и месо познат како макбус, јавува АП.

Националните медиуми во Абу Даби пренесоа дека жената била уапсена под сомнение дека го убила момчето со кого била во врска седум години кога тој ѝ кажал дека планира да се ожени со друга.

Според медиумите, човекот бил убиен пред три месеци, но злосторството било откриено во последните неколку дена кога неговиот брат почнал да го бара. Тогаш во блендерот на девојката на својот брат пронашол човечки заб. Полицијата објави дека на жената ќе ѝ се суди кога ќе биде спроведена целосна истрага.