21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја одби иницијативата за финансиски олеснувања на семејствата на бранителите од Ѓорче Петров

На вчерашната седница на Советот на Општина Ѓорче Петров, мнозинството предводено од СДСМ, недемократски ја тргна од дневен ред точката по која требаше да се дискутира и одлучи за иницијативата што беше поднесена од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, а со чие усвојување бранителите учесници во конфликтот во 2001 година и нивните семејства ќе добиеја одредени финансиски олеснувања во повеќе дејности, обвини Данијел Апостолоски, советник во Советот на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ.

„Иницијативата беше тргната од дневниот ред со аргументација дека е незаконска и неоснована, а на прашањето зошто во некои општини е веќе изгласана и ставена во функција, општинската администрација и Наумоски едноставно немаа одговор. Патем, во случајот со општина Сарај, градоначалникот е од редовите на владејачките партии, на централно ниво поддржан од СДСМ, и доколку ваквите одлуки не се законски, зошто тој воопшто не е санкциониран. Ова е хипокризија и двојни стандарди“, рече Апостолоски.

Тој нагласи дека аргументите оти точката ќе биде ставена на некоја од наредните седници на Советот, не прецизирајќи кога, само укажува на тоа дека оваа категорија луѓе, за СДСМ, постојат само во предизборието.

„Ова е уште еден доказ дека за нив дадените ветувањата и можноста да им се помогне на своите сограѓани секогаш се на последно место и е класична демонстрација на лицемерство и негрижа. ВМРО-ДПМНЕ побара финансиско олеснување за ужина и екскурзии во училиштата, стипендии, елаборат за легализација, ослободување од ѓубретарина, комуналии за градба и сите други обврски што се дел приливот на средства во Општина Ѓорче Петров“ изјави Апостолоски.

ВМРО-ДПМНЕ при Општинскиот комитет Ѓорче Петров порача дека нема да се откаже од намерата да им помогне на овие луѓе и дека во согласност нсо процедурите целосно ќе го сработи предлогот и сите овие барања ќе бидат вметнати во амандманската расправа за формирање на буџетот на Општината за 2019 година.