21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Италијанско село издало 58.000 казни за брзо возење за десет дена

Акветико, италијанско село со 120 жители во близина на границата со Франција, долго време се соочува со брзо возење, но кога градоначалникот ги поставил привремените сообраќајни камери, открил дека проблемот е полош отколку што се мислело, пренесува „Локал“.

Градоначалникот Алесандро Алесандри ги постави камерите по бранот поплаки за врзо возење од жителите што се плашат да се движат низ селото. Камерите за брзо возење за две недели фатиле повеќе од 58.000 возила што возеле низ селото со брзина и од 135 км/час иако зоната на возење таму е 50 км/час.

Никој не знае дали е поставен рекорд, но Алесандри изјави дека не можел да им поверува на своите очи кога ги видел податоците кои покажале дека секој трет возач го прекршува ограничувањето на брзината.

Поставени во близина на главниот пешачки премин на селото, камерите ги снимиле автомобилите со брзина поголема од 100 км/ч – двојно од дозволеното во селото со претежно постаро население. Податоците покажуваат дека 20-те најлоши прекршители поминале низ селото кон средината на денот по државниот автопат што минува низ Акветико.

Алесандри рече дека проблем е тоа што, и покрај трите главни патишта што го поврзуваат соседниот регион Пјемонте со северното крајбрежје на Италија, патот преку Акветико е најдобар за оние што сакаат да избегнат лежечките полицајци, сообраќајните камери или патарините. Градоначалникот вели дека немаат друга опција, освен да постават постојан надзор со сообраќајни камери.

„Се надеваме дека овие мерачи за брзина ќе бидат ефективна пречка за возачите и дека ќе им бидат од корист на граѓаните на Акветико зашто ние не сакаме да заработиме пари со глоба, туку камерите се неопходни за да се заштити безбедноста на луѓето“, рече тој.