21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Божиновски: Охрид стана град без иднина и без надеж

Планот за живот на СДСМ и градоначалникот Јован Стојаноски остана само мртво слово на хартија, лажен памфлет со кој ја потценуваат интелигенцијата на охриѓани. Охрид стана град без иднина и без надеж. Принуден да даде отчет за сработеното, Стојаноски го потврди своето недомаќинско и неодговорно работење, изјави Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Според него, единствено нешто што „ќе градоначалникот“ успеа да го направи е неефикасното менаџирање на Општината, со тоа што на сметка на проектите и решавање на секојдневните проблеми на граѓаните свесно дозволи средствата за таа намена да бидат извршени од доверителите, без претходно потпишани договори. Со парите на граѓаните има само враќање камати и долгови.

„Зошто свесно се дозволи извршување од општинската сметка средства од над 1 милион евра, а над 1 милион проблеми на граѓаните ЌЕ почекаат подобри времиња? Една година ветувања, но неостварени. Јавните претпријатија, наместо високодоходовни претпријатија, постануваат загубари. Нема нови градинки, болница, спортски сали, нов театар, кружен тек, затворен базен. Нема ништо од нови градинки, болница, спортски сали, нов театар, кружен тек, затворен базен. Нема ни трага ни глас од младински културен центар, дом за пенизонери.
Нема асфалтирани улици, градење тротоари и патеки, нова водоводна и канализациска мрежа. Функционирањето на колекторскиот систем е во колапс, нема заштита на Студенчишкото Блато, образованието е со антиреформи, здравството тоне, сообраќајот во хаос. Останаа само партиските вработувања и политичкиот реваншизам. Листата на лаги е долга и го потврдува вашиот стил на неработење за кој ви порачуваме „дела, а не зборови“, рече тој.

Според Божиновски, место да зборуваме за реализирани проекти, гледаме само назадување и неработење. Нема никакво подобрување на условите за живеење на граѓаните. Проектите што беа почнати во минатото се блокирани, а ветените проекти се само предизборна измама за граѓаните. „Со СДСМ и Стојаноски, Охрид не може да биде среќно, хармонично, сигурно и посакувано место за живеење. Охриѓани директно на своја кожа ја почувствуваа неспособноста на СДСМ и градоначалникот Стојаноски. Стојаноски им должи извинување затоа што покажа дека не може да го води Охрид кон подобро. Што побргу си одат, тоа подобро за Охрид“, додаде тој.