9.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Финскиот претседател го демантира Трамп

Претседателот на Финска, Саули Нинисто, изјави во интервју дека иако американскиот претседател Доналд Трамп тврди оти тој му кажал дека Финците ретко имаат пожари поради тоа што трошат многу време на собирање лисја, тој самиот не памети дека имал таква дискусија со Трамп за време на нивната средба во Париз.

Сепак, Нинисто напомена дека тие двајца разговарале за пожарите во Калифорнија кои уништија голем број на домови и одзедоа многу животи, како и дека тој му кажал на Трамп дека Финците се грижат за своите шуми, односно дека тие имаат добар систем за надгледување кој помага да се спречат катастрофални шумски пожари.

Финскиот претседател додаде дека Трамп, најверојатно, ги поврзал неговите коментари со собирање лисја кога ги видел пожарникарите во Калифорнија како го прават тоа. За време на својата посета на областите погодени од пожарот, Трамп, пак, тврдеше дека тој можел да се спречи со чистење на лисјата.