23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

„Викиликс“: Америка покрена обвинение против Асанж

Џулијан Асанж, основачот на Викиликс кој објави бројни тајни американски документи во 2010 година, е обвинет во САД, објави „Викиликс“.

Обвинителите невнимателно во вториот случај го открија постоењето на обвинението, кое требало да биде тајна, јави организацијата.

Точната природа на точките на обвинението против Асанж е непозната.

На Твитер, „Викиликс“ напиша: „Министерството за правда на САД открива ‘случајно’ постоење на тајни точки на обвинението или планови за таквите точки на обвинението против директорот на Викиликс – Џулијан Асанж, во она што се чини дека е грешка во копирањето и спојувањето во вториот случај, кое исто така се испитува во источниот округ на Вирџинија”.

Спонзорирано: