14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Експерти од Обединетите Нации ја напуштаат Унгарија

Експерти од работната група на Обединетите Нации за арбитрарно притворање, соопштија синоќа дека ја прекинуваат посетата на Унгарија бидејќи не им бил дозволен пристап до двете транзитни зони во близина на границата со Србија, во која се сместени бегалците и мигрантите.

Во соопштението се наведува дека експертите изразуваат протест поради одбивањето на властите да им дозволат посета во транзитните зони каде има и деца.

Наведено е дека унгарските власти однапред биле запознаени дека работната група сака да ја посети таа локација.

Унгарија во 2015 година подигна ограда од бодликава жица на границите со Србија и Хрватска, каде воспостави транзитни зони во кои барателите на азил се задржуваат до одлуката по барањето.

Властите во Будимпешта ги повикаа експертите на ОН да ја посетат земјата од 12 до 16 ноември. Работната група наведе дека нивниот мандат предвидува слободна истрага.