13.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

12 деца загинаа во напад во Сирија

Во напад на меѓународната коалиција, која ја предводат САД, на упориштата на Исламската држава во сириската покраина Дејр ел Зора погинаа 23 цивили, а многу поголем е бројот на ранети, објави сириската агенција САНА.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон истовремено објави дека во нападот погинале 18 цивили, од кои 12 се деца.

Меѓународната коалиција од 10 септември со воздушни напади им помага на курдските сили од тоа подрачје да ги истиснат борците на Исламската држава.

Спонзорирано: