21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Кинески производител на автомобили планира продажба во САД

Кинескиот производител на автомобили „Зотје ауто“ (Zotye) планира во 2020. година да започне со продажба на возила во САД.

„Зотје“ најави дека ќе работи со американскиот партнер, фирмата HAAH Automotive Holdings. Двете компании во заедничко соопштение наведоа дека првиот модел за американскиот пазар ќе биде теренско возило, но не се објавени дополнителни детали, премнсе агенцијата АП.

Со ова, „Зотје“ им се придружи на кинеските производители на автомобили кои изразија амбиција да влезат на американскиот пазар.

Оваа приватна компанија чие седиште се наоѓа во Хангџоу, југозападно од Шангај, исто така развива електрични возила за „Форд“ наменети за кинескиот пазар.

Американската агенција додава дека „Џенерал моторс“ и шведскиот „Волво“ во САД увезуваат возила произведени во Кина и дека кинескиот производител BID Auto продава автобуси за американските транспортни компании.

Спонзорирано: